рекламира св. и несв.
рекламирање ср.

рекламира (св. и несв.)

Магазините, особено големите стоковни куќи прават специјални продажни простории за карневалски реквизити и тоа се рекламира.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште повеќе, маскиран во комерцијална и тривијална литература, овој писателски анахронизам, во најново време, нападно се рекламира на европската литерарна сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа исто така е и мелем Ben Gay, кој го пронајде францускиот доктор Bengue, со сите еротски конотации што го сочинуваат тој мелем, чијшто денешен еквивалент е „Deep heat“ (голема горештина); Ben Gau се рекламира во Америка во вид на карикатура на зелено џуџе (наречено Peter Pain of all names, Петар Бол од секој вид), кое прободено во болно место отскокнува поразено, и додека малечката жена ги масира неговите болни мускули со Ben Guz мелемот, тоа вреска: „Проклетство, повторно наседнав!“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Американската знаменитост Jane Fonda со патетична сериозност го рекламира сопствениот пронајдок - евтино, пластично скалило за обликување на ножните мускули - со истата онаа патетична сериозност со која некогаш одамна протестираше против војната во Виетнам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Хичкок: „Занимливо е дека продуцентите, по многу премислување, одлучија Уцена да биде нем филм, освен последната ролна, бидејќи тогаш некои продукции се рекламираа најавувајќи „делумно звучен филм”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Њујорк Бројот на автомобилските сирени се зголемува, и дење и ноќе. Автомобилите сѐ побрзи, рекламите понападни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Курвата (ѝ се гледаа гаќите) беше љубезна со сите и кога зеваше (зеваше без заштита) си го рекламираше грлото.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Не би било лошо да ја пробаме таа домашна ракија која толку ја рекламирате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КРАШ ЕКСПРЕС Го рекламираа како без дилеми и за торти и за креми.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
АЦО: Што да рекламирам? Гледам бојадисано ново, нема белки да ја отворам машината за да рекламирам. И сабајле чука, исто како порано.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бланш не се фалеше со тоа и на ѕидовите немаше слики да го рекламира тој факт, но факт беше тоа што таа порано беше Зигфилдова весела девојка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да ослепат да даде господ, овие што нашироко рекламираат дека на пазарот е достапен целосно природен препарат за потентност за зрелите мажи (кои со своите жени одамна снеможеле и го користат „Џоле“ само за мочкање), што во прилог им оди повторно само на младите „спонзоруши“, кои од сега, освен што уживаат во имотот на своите офарбани љубовници, ќе можат и сексуално да се „упражњаваат“. Во прилог на кампањата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)